Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Мел Гибсон се заканува дека ќе го тужи чилеанскиот производител на мед за употреба на иконската слика од филмот Braveheart!

Јохана Агурто користела слика на Мел Гибсон од легендарниот историски филм Braveheart од 1995 година за да го промовира својот мед, „Мел Гибсон“, заедно со слоганот „само за храбрите“.

Оваа недела, таа добила писмо од адвокатите на актерот во кое се вели дека нејзината употреба на неговото име и сличност ги крши правата на г-дин Гибсон.

Адвокатот на г-дин Гибсон се заканил со правно дејство доколку г-ѓа Агурто не го повлече производот веднаш. Писмото е потпишано од асистентот на Лејн Бречен, адвокат од Калифорнија.

Г-ѓа Бречен изјави за Ројтерс дека писмото има за цел да спречи употреба на имиџот на Гибсон, а не забрана за името на медот.

„Треба да добиете дозвола да користите или да копирате фотографија од филмот, кој е во сопственост на респективно студио кое го издаде филмот“, изјави таа.

Како одговор на заканите од адвокатите на Мел Гибсон, соптвеничката Јохана Агурто упати апел и помош директно до актерот на Твитер: „Драг# МелГибсон, дали би дозволиле да ја користиме твојата слика за нашиот мед те молам? Јас и моите деца би биле бесконечно благодарни. Нашата душа е само за храбри срца“.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement