Пејачката Дафи, некогаш голема светска ѕвезда позната по хитот “Mercy”, си ја отвори душата за четиринеделниот пекол што го поминала пред 10 години и од кој никогаш не се опорави.
Дафи открила дека прво била дрогирана во својата куќа, потоа силувана, па одведена во странство, каде се разбудила не знаејќи каде се наоѓа.
-“Силувањето е како убиство во живо, живи сте, а воедно сте мртви. Ми требаше многу време повторно да си го соберам животот на едно место.”
Дафи го имаше најпродаваниот албум во Велика Британија во 2008 година и освои Греми и три британски награди, но исчезна целосно откако го издаде својот втор албум во 2010 година.
Нејзиниот подолг статус, во кој не го именува насилникот, следеше еден месец откако ги објави првите детали на Инстаграм.
„Ми беше роденден. Бев дрогирана прво во ресторан, а потоа дрогирана 4 недели, патував и во странство“.
„Не се сеќавам како сум се качила во авион, но се освестив во некој автомобил. Бев ставена во хотелската соба каде ме силуваше. Се плашев дека ќе ме убие. Сакав да избегам, но се плашев“.
Таа напишала дека не знае каде е нејзината сила да го издржи сето она што и се случувало.
– Чувствував присуство на нешто што ми помогна да останам жива.
Потоа објаснува дека се вратила со својот напаѓач во Велика Британија, но знаела дека нејзиниот живот е во опасност затоа што тој се заканил дека ќе ја убие.
– Мислев дека не е безбедно да се оди во полиција. Мислев, ако нешто тргне наопаку, тој ќе ме убие.
После овие настани, пејачката размислувала за самоубиство.
-Би ги соблекла пижамите, за да ги фрлам во оган. Косата ми беше во чворови, не ја чешлав. Подоцна, целосно ја скратив. Допуштив силувањето да биде мојот цимер “, напиша таа.
– Мислев дека објавувањето на мојата приказна ќе ми го уништи животот, но напротив животот ми го уништи криењето. Мислам дека фактот дека веќе не пеам, може да ме убие.
– Морам да бидам силна и да се соочам со сè. Не можам сè да избришам, морам да бидам искрена со себе. Сега оваа деценија можам да ја оставам зад себе. Претпоставувам дека после ова веќе никој нема да праша „што се случи со Дафи?“

You must be logged in to post a comment Login