Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Margot Robbie е непрепознатлива во новата улога

Некои жени се родени русокоси, дури и кога не се родени русокоси, а непријатно убавата Маргот Роби е дефинитивно една од нив. И токму затоа, треба да трепнеме неколку пати кога ќе ја видиме во сосема поинакво издание, поточно, како бринета со масивни темни кадрици, во она што го трансформираше за потребите на новиот филм што го снима со Дејвид О.Расел.

Ова не е прв пат нејзиното актерско ослободување да нè затекне; Роби се докажа многу пати како исклучително талентиран камелеон и многу рано во својата кариера ја смири злобната предрасуда дека е само уште едно „убаво лице“ на Холивуд, и не е првпат да ја гледаме како бринета. Сепак, нејзиниот нов изглед нѐ изненади и предизвика љубопитност за новиот проект за кој сè уште не знаеме – скоро ништо!

Имено, новата продукција на режисерот, која е најпозната по хитовите Silver Linings Playbook, American Hustle, Joy и The Fighter, сè уште нема официјално име, а знаеме само дека се работи за „оригинална идеја“ и дека импресивниот ансамбл го сочинуваат Кристијан Бејл, Роберт де Ниро, Рами Малек, Зои Салдана, Џон Дејвид Вашингтон и, секако, Маргот Роби. Снимањето започна во јануари, така што треба да се претпостави дека нема да ги видиме резултатите од работата толку брзо, но внимателно ги следиме сите новости поврзани со претстојниот филм.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement