Louis Vuitton и Master & Dynamic брендовите повторно се здружија, со што на новата генерација ќе им ги претстават Horizon слушалките, точно година дена од лансирањето на првиот заеднички проект…
Комбинирајќи го иконскиот дизајнерски јазик на славната француска куќа со врвната технологија на звукот по која е познат Master & Dynamic брендот, овие модерни слушалки ќе бидат достапни во пет нови бои: розева, неон жолта, јарко црвена, бела и црна.
PVD обложен не’рѓосувачки челик, ја сочинува школката на овие слушалки, кои во себе кријат моќни берилиумски драјвери од 10 mm, кои произведуваат топлина и богат звук, Покрај тоа, моделите добија неколку технички унапредувања, како безжично индукционо полнење, систем за потиснување на буката и Ambient Listening Mode, кој ќе ви служи ако сакате да бидете свесни за своето опкружување додека истовремено ги слушате своите омилени песни.
Новата генерација Horizon слушалки ќе биде сместена во куќиште од не’рѓосувачки челик, кое е подеднакво привлечно, а кое поседува дизајн инспириран од Louis Vuitton Tambour Horizon Connected часовникот.
Розевите и белите слушалки доаѓаат со сребрено обоено куќиште, додека пак неон жолтите и црвените слушалки имаат црно куќиште. Црниот модел ќе доаѓа во куќиште од полиран метал. Секој модел слушалки ги доби чуените Louis Vuitton детали како свој главен декор, како иконскиот цветен монограм и LV иницијалите додека куќиштата доаѓаат со база која е направена од керамика и стакло.
Новите Louis Vuitton Horizon Earphones слушалки ви нудат 10 часовно слушање, со две дополнителни полнења од куќиштето. Слушалките подржуваат Bluetooth 5.0, со распон на конекцијата од 30 метри, а компатибилни се со сите Bluetooth уреди, вклучувајќи го и Tambour Horizon паметниот часовник.











