Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Lost Tapes of the 27 Club“ претставува „нови“ песни од Курт Кобејн и Ејми Вајнхаус

Вештачката интелигенција создала композиции во стилот на музички легенди кои починале на рана возраст.

Иницијативата „Lost Tapes of the 27 Club“ е во сопственост на организацијата Club Over The Bridge и има за цел да ја подигне свеста за проблемите со менталното здравје.

Проектот е креиран со употреба на AI алгоритмот, слушање на композициите и проучување на хармоничните преференции на нивните автори, изборот на ноти и ритмичките карактеристики. Вештачката интелигенција компонира нова музика заснована врз информациите што ги доби за стиловите на музичарите. Потоа, тон-мајсторот за звук ги собира песните во посебен албум, според Hypebeast. Може да слушате песни во стилот на Курт Кобејн, Хендрикс, Џим Морисон, Жан-Мишел Баскијат, Ејми Вајнхаус и Џенис Џоплин.

„За да му покажеме на светот што е изгубено поради кризата со менталното здравје, користевме вештачка интелигенција за да го создадеме албумот Club 27. Преку албумот, охрабруваме се повеќе членови на музичката индустрија да добијат поддршка за менталното здравје кое им е потребно за создавање музика што сите толку многу ја сакаме. Но, сепак AI не може да ја замени вистинската креативност.“- стои во соопштението на страницата што се занимава со овој проект.

Клубот 27 е културен феномен кој ги обедини популарните музичари кои починаа на 27-годишна возраст поради проблеми поврзани со дрога, алкохол, депресија или други ментални нарушувања.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement