Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Лана Дел Реј: “Не го величам злоставувањето”

Лана Дел Реј се брани од обвинувања дека стиховите на нејзините песни се антифеминистички.

На својот Инстаграм профил ги критикувала писателките кои ја нападнале дека го величи злоставувањето.

Таа рекла дека стиховите на најзините песни често зборуваат за емотивно насилни односи и дека тие треба да бидат тема во музиката.

“Бев искрена во врска со предизвиците кои ги имав. Низ такви врски поминуваат многу жени. Мислам дека е патетично што некои стихови кои ја опишуваат мојата пасивна или покорна улога во врската често ги наведува луѓето да кажат дека ги вратив жените сто години назад во минатото. Мора да постои место во феминизмот и за жени кои изгледаат и се однесуваат како мене”, напишала таа.

„За жените кои велат “не”, но мажите слушаат “да”, за жените кои се комплицирани бидејќи се автентични, за жените кои имаат приказни и гласови кои им се одземени од посилни жени или мажи кои ги мразат”.

Дел Реј вели дека постојат двојни аршини и дека ѕвездите како Аријана Гранде, Карди Би и Бијонсе можат да пеат за сексуалноста, да бидат голи и да изневеруваат, а никој да не ги критикува.

Стиховите на Лана често зборуваат за нездравите односи и злобните ликови кои сакаат да контролираат.

Песната  Video Games со кој таа се прослави опишува љубовник кои и бил далечен и ја отфрлал, но кон кого имала голема љубов.

Семејното злоставување претставено на романтичен начин

Песните кои и подоцна ги објавувала биле со слична тематика. “Татко ми е лош човек”, пее во Off To The Races, додека нејзиното момче во Ultraviolence и ѕвони доцна во ноќта.

Таа дури ја избришала песната Colasa од списокот на песни за настапи бидејќи во неа се зборува за ликови како Харви Вајнштајн.

Сепак, критиките дека таа го разубавува злоставувањето не престануваат да ја гонат.

Критика стигнала и од новинарката Изабела Кастиљо која ја опишала музиката на Лана Дел Реј како полна со застарени, антифеминистички идеи. Кастиљо истакнала дека, без разлика дали е намерно или не, романтизирањето на семејното насилство е опасна територија, особено ако имате толку млада публика.

Некои критичари имале поблаг поглед на нејзината музика и сметаат дека жените во нејзините песни се многу пореални отколку силните жени во песните на поп ѕвездите.

Во постот на Инстаграм, Дел Реј вели дека нејзините песни опеваат реалност во која сите живееме и дека насекаде во светот има емотивно насилни врски.

Напишала и дека нејзиниот успех им дал слобода на жените да не пеат за среќата и да можат да кажат се што сакаат во музиката која ја создаваат. “Мене ме нарекоа хистерична зашто на првите два албуми изкажував тага”.

Нејзиниот нов албум се очекува да излезе на 5 септември оваа година.

Прочитај

Cotton Club

Добро познатиот бренд Ванс создаде ограничена колекција која му оддава почит на Симпсонови. Опсегот вклучува над 60 парчиња во кои се наоѓаат Хомер, Марџ,...

Wall Street

Британската влада доцна во четвртокот објави дека ќе воведе задолжителнен карантин за повратниците од Франција во сабота од 3 часот по полноќ, на британските...

Route 66

Со децении, Mercedes како концепт за луксузен автомобил е особено популарен во Америка, каде што го сакаат многу спортисти. Меѓу нив е и Мајкл...

Four Seasons

Viceroy Bali е луксузно одморалиште со триесет вили, што особено ќе ги израдува љубителите на ексклузивност, елеганција и егзотичност… Оваа област, која некогаш била...