Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Колку смисла за хумор има секој знак? Лавот не се шегува на сопствена сметка, а Шкорпиите се кралеви на црниот хумор!

Овен

Тој е првиот и еден од најпознатите духовити знаци на хороскопот. Секогаш е подготвен на шега, секогаш има инспирација како да го подобри расположението во општеството. Понекогаш, поради владејачкиот Марс, тој може да претера. Може да направи шега и на свој трошок, но кај мажите, не ја допирајте нивната машкост, затоа што токму таму се ранливи. Тој ќе се обиде да го скрие тоа, но вистината често се гледа на неговото лице.

Бик

Бикот како еден добронамерен знак, кој сака сè што е убаво, вкусно за јадење, сака секако и забава и хумор. Искрено се смее, нема лоши намери зад неговите шеги. Сè е само за смеа, релаксација и уживање.

Близнаци

Весел дух и комуникативен знак. Ова е знакот кој е најподготвен да се пошегува на ваш сопствен трошок. Тој сака да ги слуша и коментира сите духовити приказни. Тој по природа е вечно момче, едноставно бара нешто духовито во сè, а понекогаш дури и во неволја.

Рак

Еден од емотивните и водените знаци обожава шега, но на специфичен начин, со мерка, бидејќи Месечината од која е направена е многу променлива, па сето тоа зависи од расположението. Не допирајте ја неговата мајка и семејството. Тоа е негово и само тој има право на тоа.

Лав

Тој е крал, може да се шегува за сè, освен неговото его. Неговиот вроден талент за успех и постигнување високи цели не е шега. Тие веруваат дека само тие можат да ги критикуваат водечките луѓе во државата, затоа што само тие можат да ги разберат, бидејќи тие знаат што е успех.

Девица

Веднаш ќе помислите дека тие не знаат за шегата. Многу луѓе мислат дека Девиците се досадни. Не е така. Тоа е интелектуален знак на кој му треба време и одредени теми за шеги и смеа. Тие се многу духовити на работа затоа што токму таму се наоѓаат во својата област.

Вага

Префинетата Вага е многу духовита, верувале или не. Таа дури сака шега на свој трошок, само за да не биде на место и без стил. Сè освен љубов е совршено за шега. Љубовта е премногу сериозна и важна за Вагата да не се шегува. Умереност пред се за другата страна случајно да не се повреди.

Шкорпија

Црн хумор, шеги и пцовки се карактеристиките на овој знак. Но, тоа им одговара, не изгледа невкусно, бидејќи тие ја знаат мрачната страна на сè што постои. Тие секогаш се подготвени да се пошегуваат, и на свој трошок и на туѓа сметка. И секс? Тоа е тема што тие најдобро ја знаат.

Стрелец

Духовит Стрелец! Тие се весели, оптимистички расположени и не можат без доза хумор во нивниот живот. Нивната духовитост е секогаш отворена, весела, свртена кон оптимизам, и весели теми.

Јарец

Јарецот молчи, но кога зборува, има добар хумор. Често со цинизам, но зад овој повлечен, тивок и чувствителен знак, стојат бисери на духовитост. Потребно им е само време да се релаксираат.

Водолија

Водолија е еден од најдуховитите хороскопски знаци. Тој се одликува со брз хумор. Тој се лути многу брзо и неочекувано. Тој се шегува со сè, освен со гладта во светот и со други страдања во светот, таму е премногу сериозен и чувствителен.

Риба

Рибите се склони кон безопасен хумор. Малку повлечени по природа, со чаша вино, тие стануваат имитатори надвор од секоја категорија.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement