Познатиот Австралијанец е роден на 11 август 1983 година во Мелбурн, а детството го помина далеку од центарот на вниманието и гламурот.
Тој започнал глума во 2002 година, кога се појавил во неколку епизоди на австралиските филмски сапуници, а токму во сапунската теленовела ја оствари својата прва забележителна улога во „Home and Away“, прикажана во Австралија од 1988 година. Крис во текот на неговиот ангажман има направено 171 епизода во таа култна сапуница.
Можноста за пробив во Холивуд пристигна во 2009 година со мала, но забележителна улога во „Ѕвездени патеки“ на Џ.Џ. Абрамс, во кој ја толкува улогата на капетанот Кирк.
Кога ќе ги погледнете неговите фотографии од почетокот на неговата кариера денес, тешко е да се каже дека во тоа време некој верувал дека Крис ќе стане една од холивудските убавици од А-списокот.
Дури и тогаш, во младите години тој беше добро изграден и симпатичен, но далеку од секси симбол.
Неговата трансформација започна во 2010 година кога беше објавено дека тој ќе го игра Тор во новата филмска франшиза Марвел.
Крис призна дека за улогата се обликувал и направил со важби во теретана 10 килограми мускул, а холивудските стилисти работеле на неговиот стил и фризура, а на крајот тие навистина го претвориле во првокласнен убав и заводлив маж.
Погледнете во галеријата и уверете се дека Крис Хемсворт е навистина како вино, колку е постар толку подобро.
