Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

‘It’s Britney, bi**h’: Контроверзен документарец кој пристигнува на Хулу ќе открие што всушност се случува со неа?

Осудена на живот во конзерваториум, Бритни Спирс не го живее својот живот веќе 13 години. Новиот документарец на The New York Time открива детали за јавноста за нејзината долга борба со судот, дупките во законот и нејзиниот татко.

„Framing Britney Spears“ е наслов на долгоочекуваниот документарец што ќе се емитува на стриминг страницата Хулу овој февруари, а неговата цел е да открие дополнителни детали за застрашувачката реалност на Бритни Спирс.

Некогаш принцеза на поп-музиката, Спирс уште од мала возраст била осудена на славен живот, успех и неизмерна популарност. Но, се чини дека таков живот се реализира многу, многу брзо.

Да потсетиме, пред една деценија, Бритни била принудена да живее под грижа на нејзиниот татко Џејмс, поради психолошки проблеми, тој ги надгледувал нејзините финансии и продолжил да ги носи речиси сите животни одлуки за неа, вклучително и употреба на возила, гласање, но и нејзино бременост.

Но, зошто на 39-годишната која во меѓувреме има издадено неколку албуми, успешно остварила музички турнеи и станала судија на Х-Фактор, сепак има потреба од старател? Каков терор навистина поминува поп-sвездата во нејзиниот приватен живот и зошто сите нејзини обожаватели на социјалните мрежи решија да кренат бунт?

Ова и многу повеќе ќе можеме да го откриеме веќе на 5 февруари, кога документарецот официјално ќе започне да се емитува.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement