Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

House of Cardin – Документарен филм за животот на Пјер Карден

Името Пјер Карден е синоним за модерна мода и безвременски дизајн. Од средината на минатиот век, стилот на дизајнери со футуристички влијанија е втиснат во ненадмината облека, додатоци, мебел и многу повеќе.

Новиот документарец наречен „House of Cardin“ ја истражува историјата на дизајнерот, преку интервјуа со него и неговите соработници или луѓето околу него – од Шерон Стоун и Жан Пол Готје, до Филип Старк и Дион Ворвик.

Пјер Карден, чие вистинско презиме е Кардин, е роден во Италија и се преселил во Франција во 1924 година со своето семејство за да го избегне фашизмот. Неговото креативно патување започна во кројачка продавница во Виши, пред да се пресели во Париз да работи за Пакин, Елса Скијапарели и Кристијан Диор. Филмот ги следи неговите чекори кон создавање на сопствена куќа, преку изразување на иновативна естетика која не е ограничена на облеката, туку се протега на различни простори, од архитектура до индустриски дизајн.

Неговиот пионерски изглед се открива и во други димензии, со интервјуа како што е интервјуто на Наоми Кембел пред камера, во кое се опишува како Кардин е првиот дизајнер кој ја донесе културната разновидност на модните писти.

Креаторите на филмот, П.Дејвид Еберсол и Тод Хјуз, исто така, го истражуваат неговиот однос со уметноста, преку Escape Cardin, повеќенаменски простор со театар, кино, галерија што беше домаќин на уметници од Марлин Дитрих до Алис Купер.

Пјер Карден, кој сега има 98 години, сè уште работи и ја замислува иднината на куќата што ја основал во 1950 година. И на прашањето која е тајната на неговата младост, тој одговара „работа, работа, работа“.

Документарниот филм „Куќата на Кардин“ за животот на легендарниот дизајнер можете да го погледнете од 15 септември, и може да го погледнете ОВДЕ.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement