Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

#FreeBritney – Бритни Спирс сака да направи интервју со Опра Винфри

Бритни Спирс размислува за интервју со Опра Винфри.

39-годишната пејачка има голема желба да ја раскаже својата верзија од приказната за целосното правно старателство преземено од нејзиниот татко.

По успехот на документарецот „Framing Britney Spears“ од New York Times, делумно се разоткрива животот и кариерата на познатата пејачка и објаснува што доживува сега на 39-годишна возраст, погледот на јавноста се промени и светот сфати колку е погрешно разбрана. Можеби затоа пејачката размислува за Опра Винфри и целосно да ја каже својата верзија, но под свои услови.

Гледајќи наназад, Бритни Спирс е отпуштена од психијатриска клиника во 2008 година, каде се лекуваше пет дена. Нејзиниот 68-годишен татко, со целосно законско старателство, стана одговорен за сите одлуки на неговата ќерка, професионални, финансиски и лични, поради нејзината чувствителна психолошка состојба. Првичниот план требало да трае до следната година, но тој важи и денес.

И додека поп-sвездата продолжила да работи нормално, нејзиниот татко управувал со сите нејзини финансии, а пред две години нагло ги прекина сите свои настапи и преку нејзиниот адвокат изјави дека сè додека тој продолжува да го контролира нејзиниот живот, таа повеќе нема да пее. Долго пред да се појави документарецот, корисниците на интернетот веќе се здружија и ја поддржаа ѕвездата – тие го создадоа движењето #freebritneyspears.

Денес, Бритни Спирс според Entertainment Tonight е благодарна за целата поддршка од обожавателите и воопшто од светот. Поради нивната мобилизација за нејзината слобода, пејачката сфати дека сакаат да ја слушнат нејзината верзија и Опра Винфри е вистинскиот избор.

„Бритни размислува да зборува за своето минато затоа што чувствува дека другите не треба да ја раскажуваат нејзината приказна“, изјави извор за ЕТ. „Таа секогаш мразеше да дава интервјуа, но сака да го направи следниот чекор, а Опра е нејзиниот прв избор. Во овој момент нема план за интервју, но кога тоа ќе се случи, ќе има чекори што Бритни мора да ги преземе пред да може да зборува“.

Истиот извор рече дека Бритни ја чувствува љубовта кон луѓето. „Таа беше среќна во последно време затоа што доби огромна поддршка, по објавувањето на документарниот филм. Иако не можеше да направи никакви измени во случајот со нејзиниот татко, таа доби милиони пораки од обожавателите на социјалните мрежи и чувствува дека има поддршка од јавноста“.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom