Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ФОРБС ОБЈАВИ: Двејн Рок Џонсон е најплатениот актер во светот втора година по ред

Dwayne Johnson 'Rampage' film premiere, London, UK - 11 Apr 2018,Image: 368288262, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Двејн Џонсон или популарниот „The Rock“ беше прогласена за најплатен актер втора година по ред, пишува магазинот „Форбс“. Поранешниот борач, наводно, заработи 87,5 милиони долари помеѓу 1 јуни 2019 година и 1 јуни 2020 година, вклучувајќи 23,5 милиони американски долари од трилерот „Red Notice“ на Нетфликс. Тој исто така заработи многу пари од неговата фитнес линија Project Rock.

Кога ќе се додаде заработката на првите десет најплатени актери во изминатата година, излегува дека заедно тие заработиле 545,5 милиони долари, а една четвртина од таа сума доаѓа од Нетфликс, пишува „Форбс“. Колегата на Џонсон од филмот „Red Notice“, Рајан Рејнолдс е втор најплатен актер со заработка од 71,5 милиони долари. Тој оствари 20 милиони долари од Red Notice и дополнителни 20 милиони долари од друг филм на Netflix, наречен Six Underground.

Трет на листата е актерот и продуцент Марк Валберг, кој заработи 58 милиони долари, додека Бен Афлек е четврти, а Вин Дизел е петти најплатен во светот на актерството.

Индискиот актер Акшај Кумар е единствената ѕвезда на Боливуд кој се најде меѓу првите десет најплатени актери во светот. Тој е на шестото место со заработка од 48,5 милиони долари. На врвот на списокот „Форбс“ се Лин-Мануел Миранда, Вил Смит, Адам Сендлер и Џеки Чен. Списокот со имињата на најплатените актерки сè уште не е објавен. Потсетиме дека на врвот на минатогодишниот список беше Скарлет Јохансон.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши (со презентација на колекцијата на Том Форд) и беше многу поразлична од сите претходни. Пандемијата на Ковид-19 принудуваше промени...

Fool Moon

Владеењето на Вага, односно влегувањето на Сонцето во знакот на Вага, ќе започне на 22 септември, кога започнува есента. Пред нас има многу предизвикувачки...

Cotton Club

Бели кошули, панталони и вечерни фустани – соодветна облека за чудни времиња. Во време на неизвесност, сакате едноставност и јасност повеќе од сè. Ралф...

Fine Living

Знаевме дека мајчиното млеко е најдобриот избор за храна за бебиња, но моделот Џоди Тарнер-Смит во интервју за Вог откри уште една од неговите...