Списанието Форбс ја сподели годишната ранг-листа на највлијателни жени во светот – по 17-ти пат.
Вклучува жени од целиот свет кои имале најголемо влијание во различни сфери на општеството – политика, наука, економија, социјален активизам. Оваа година, за прв пат, на ранг-листата влезе избраниот потпретседател на САД, Камала Харис – и веднаш го зазеде третото место. Германската канцеларка Ангела Меркел беше на врвот по 10-ти пат по ред.
.jpg)
Во престижниот рејтинг се вклучени и извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки, ТВ водителката Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, пејачките Ријана, Бијонсе и Тејлор Свифт, актерката Рис Витерспун и многу други.
.jpg)
„Од борбата против пандемијата до реорганизацијата на американската политика, овие моќни жени прават историја“, коментираат авторите за нивниот избор. Сите тие имаат различни позиции, живеат во различни земји и претставуваат различни интереси, но сите имаат едно заедничко – желбата за промена на сегашната состојба.
