Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Европскиот 50 Нијанси Сиво – 365, Филм за Којшто Сите Зборуваа за Време на Карантинот

Ќе започнеме вака…ништо од она што го видовте во филмот, или тоа што ќе го видите (за оние кои не го гледале) не е вистина. Причината поради која го кажувам ова се исклучително лошите критики од страна на бројни актерски имиња, велејќи дека филмот поттикнува и оправдува киднапирање и сексуално злоставување.

Мора да признаеме дека откако филмот беше промовиран на Нетфликс во јуни оваа година, ги остави гледачите без здив поради секс-сцените и контроверзната романса. Зборуваме за мнооогу гледачи. Одеднаш 365 стана првиот филм кој двапати по ред беше прв во гледаност неколку недели во светот. Очигледно, филмот понуди нешто за кое нетфликсерите копнееа додека беа во карантин.

Инаку, филмот е базиран на книга, и тоа првата од триологијата напишана од Бланка Липисска. Филмот раскажува за пољакињата Лаура Бил, која е киднапирана од сицилијанскиот дон Масимо Торичели, кој и дава една година да се заљуби во него. Доколку тоа не се случи, тој ќе ја пушти на слобода, без да ја повреди.

Се разбира, покрај, мора да кажеме смелиот наратив, филмот изобилува со многубројни секс-сцени, кои се дотолку реални, што ни изгледа дека двајцата главни протагонисти воопшто и не глумат.

Прашани за тоа дали сцените се вистински или не, еве што одговорија тие:

“За мене воопшто не беа тешки провокативните сцени зашто сум актер и тоа доаѓа со професијата. Значи да, сцените не се вистински, немавме вистински секс, туку глумевме. Сакав да изгледаат реално зашто сакам одлично и професионално да си ја завршам работата, на најневин можен начин” – ќе каже Мороне.

“Се чувствував пријатно. Добро, да бидам искрена, на почетокот ми беше многу страв, но мора да кажам дека бев опкружена со еден куп професионалци, кои направија да се чувствувам заштитено и добро. Инаку, сцените не се вистински, туку прозивод на одлична актерска игра.” – вели Сиклучка.

Па, првото слободно време што ќе го имате, вклучувајте Нетфликс и видете за што станува збор…секако, ако не сте од оние, кои веќе го гледале.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Познати личности позираа во гламурозни креации од својот … дом. Еми наградите оваа година можеби беа виртуелни и немаше црвен тепих со физичко присуство,...

Fool Moon

Познатиот американски рок-музичар Брус Спрингстин денес го слави својот 71 роденден во друштво на сопругата Пати Скијалфа (67) со која е во брак 29...

Cotton Club

Ние ја сакаме модата затоа што некако не заокружува, таа делува како филтер што помага да падне светлото точно на начинот на кој треба...

Four Seasons

Ѕирнете во волшебниот и ултра-ексклузивен 21 Royal Suite – најекстравагантната приватна дестинација на Дизниленд. Најексклузивната адреса во Дизниленд сега е 21 Кралска улица, дискретно...