Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Chrissy Teigen има нова боја на коса, и сега и ние ја сакаме!

Ако следите еден од веројатно најсмешните модели во историјата на исклучително убави луѓе, тогаш знаете дека Криси Тајген деновиве е во прилично добра фаза! Пред неколку месеци престана да пие алкохол, кој во последните години рече дека и го одзеде животот повеќе отколку што би сакала и дека сега со задоволство ги истражува привлечностите на трезвеноста, поминува време со семејството и како жесток критичар на поранешниот претседател, го слави финалното разрешување на администрацијата. И, откако минатото лето го сподели исклучително болното искуство за губење на дете со светот и со тоа отвори разговор за честата траума за која ретко се зборува отворено, драго ни е што ја гледаме како ја открива повторно својата весела, остра и провокативна личност!

И, како поинаку да се одбележи новата ера на животот отколку – со нова фризура! И така, Криси се појави на својот Инстаграм со розови бранови во кои веднаш се вљубивме неповратно.

Сега, да бидеме јасни, ова не е лесна боја и ако навистина сакате да ги насликате главите во оваа слатка сладоледна нијанса, за траен ефект треба да ја избелите косата и често да ја обновувате розовата боја, и дефинитивно ви препорачуваме да препуштете сѐ на стручните раце на вашите колористи и фризери, затоа што ова не е терен каде DIY оди добро … Но, ако малку боја може да ве крене во овие хаотични денови, не двоумете се, бојата е дефинитивен хит!

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom