Еден од најпопуларните и најчитаните романи на сите времиња е секако Малиот принц. Авторот Антоан де Сент-Егзипери по професија бил пилот кој ни остави јасна порака – дека само со срцето јасно се гледа.
Книгата е преведена на многу јазици во светот затоа што пораката што ја носи е разбирлива за секого, каде и да живее, како и за сите возрасти, подеднакво за децата и возрасните.
Најубавите цитати од Малиот принц:
- Земјата на солзите е таинствена.
- Децата имаат многу што да им простат на возрасните.
- Вообразените луѓе секогаш слушаат само пофалби.
- Човек добро гледа само со срцето. Суштината не се гледа со очи.
- Само децата знаат што бараат.
- Она што ја краси пустината е тоа што бунар е скриен некаде во неа…
- На човекот никогаш не му е по волја, каде и да е.
- Говорот е извор на сите недоразбирања.
- Човекот е осамен дури и меѓу луѓето.
„И тој секогаш ќе те сака?“ „Не“, рече розата. „Еден ден ќе свенам и тогаш тие ќе престанат да ми се восхитуваат. „Многу чудно“, рече Малиот принц. „Да беше моја роза, ќе те сакав и тогаш.“
- Од секого треба да се бара само она што тој може да го даде.
- Морам да се справам со две, три гасеници ако сакам да запознаам пеперутка.
- Ако дозволиш да те скротат, може и да заплачеш.
- Без разлика дали станува збор за куќи, sвезди или пустини, она што ја прави нивната убавина е невидливо.
- Тоа е како со цвет. Ако сакаш еден цвет што е на планетава, пријатно е да гледаш на небото ноќе. Цветовите цветаат на сите ѕвезди.
- Кога ќе погледнеш во небото, ноќе, бидејќи ќе живеам на една од нив, тоа ќе биде како сите ѕвезди да ти се смеат. Ќе имаш sвезди кои знаат да се смеат …
- Очите се слепи. Треба да се бара со срцето.
- Многу е потешко да се суди себеси отколку другите. Ако успееш добро да си судиш себеси, тоа значи дека си вистински мудрец.
