Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Chanel лансира подкаст посветен на уметноста и културата

Chanel лансира нова серија на подкасти – Chanel Connects што ќе биде посветена на уметноста и културата.

Таму ќе зборуваат познати пријатели и амбасадори на брендот – Тилда Свинтон, Фарел Вилијамс, Кира Најтли, уметничката Џенифер Пакер, уметнички критичар и кустос Николас Кулинан и други. Ним, исто така, ќе им се придружат уметници, сопственици на галерии, архитекти и други претставници на светот на уметноста. Новиот подкаст ќе се фокусира на она што ќе биде популарно во културата во блиска иднина, како галериите, музеите и театрите ќе се прилагодат на брзо менливиот свет и повторно ќе ги отворат вратите за посетителите, какво влијание има модерната технологија врз креативноста и каква улога има културата во квалитетот на социјалните промени.

Сите 7 епизоди на „Chanel Connects“ сега се достапни на Apple Podcasts, Spotify и на официјалната веб-страница на модната куќа во Париз.

„Оваа серија означува егзистенцијален момент за уметноста, бидејќи креаторите редефинираат како, зошто и каде сакаат да комуницираат со публиката“, изјави Јана Пил, директор за уметност и култура на Chanel.

Вреди да се напомене дека лансирањето на таков подкаст е многу прогресивен чекор за Chanel. Најиновативните брендови сега бараат начини да го прошират своето влијание надвор од самата мода и да прифатат поширок културен контекст.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement