Со стаклени привезоци е украсен Armature лустерот, еден од трите нови производи кои брендот Bocci штотуку ги лансираше…
Другата колекција која ја претстави канадската дизајнерка куќа доби назив Table Lamp & Stem Series, а исто така се декорирани со топки од дувано стакло, инспирирани од Bocci примероците.
Armature лустерот претставува современ и прилагодлив примерок, кој се состои од модуларни мат црни делови кои можат да бидат поврзани во различни аранжмани и декорирани со еден од трите различни стилови на стаклениот модел.
Најмалиот производ кој Bocci брендот сега го претстави е Table Lamp, кој во себе спојува еден стаклен абажур со база од месинг, а воедно може да се монтира и на ѕид.
Следната колекција Stem Series, се состои од три различни стилови на расветла, вклучувајќи плафонско и подно осветлување, при што секој модел е прикриен со стаклени кугли од различни димензии и бои.



