Тие исто така го прекинуваат производството на брендот за патики на раперот Yeezy.
Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ во вторникот објави дека „веднаш“ ја прекинува соработката со Кање Вест, познат како, по антисемитските изјави на американскиот рапер во последните неколку недели.
„По темелно разгледување, компанијата одлучи веднаш да ја прекине соработката“, се вели во соопштението на групата. „Adidas не толерира антисемитизам или кој било друг вид говор на омраза“, додава тој.
Германската компанија во вторникот објави и дека го „прекинува производството“ на брендот Yeezy на раперот. Соработката на Adidas и американската ѕвезда долго време е меѓу најуспешните во светот на полето на модата.

Исто така, ова не е единствениот прекин за соработка на познатиот музичар. Модната куќа Balenciaga претходно објави дека повеќе нема да соработува со музичарот со кој работеше на колекциите за high street брендот Gap. Овој прекин беше инициран на почетокот на септември кога раперот упати низа обвинувања кон споменатиот бренд.
Понатаму, магазинот „Vogue“ повеќе не сака да работи со Кање. Главната уредничка Ана Винтур ја донесе одлуката по неговиот антисемитски испад на Твитер. Со овој потег тие решија да ја пренесат пораката дека говорот на омраза е целосно неоправдан и не треба да се толерира.
Раперски испади во јавноста
Колекцијата на патики на раперот Yeezy, која се појави на пазарот во 2014 година, беше голем успех што го направи Кање Вест милијардер. Врската меѓу оваа соработка значително се влоши во последните месеци по испадите на Канје.
Канје беше отстранет од Твитер откако во објава рече дека ќе ги нападне Евреите во текст што социјалната мрежа подоцна го избриша бидејќи ги крши нејзините правила. Раперот се појави на модна ревија во Париз облечен во маица со слоганот „Животите на белите се вредни“.
Тој слоган, кој го користи американската крајна десница, го смени името на движењето „Животите на црнците се важни“, кое се бори против расизмот против црното население.
