Бурниот живот на Џон Ленон, пред и после Битлси претставува предмет на голем број книги, филмови и од неодамна и претставата John Lennon: Through a Glass Onion, која штотуку се отвори во театарот Брајан Епштејн во Ливерпул. И најглавно затоа што животот на фронтменот на Битлси беше многуслоен како и секоја песна што ја имал напишано. Подолу се девет факти за Џон Ленон што може да ве зачудат.
Тој бил во црковен хор како младо момче
Имиџ транзицијата на бендот од „момчињата во црковен хор“ во пушачи на марихуана, бунтовници што прават ЛСД е добро документирана. Но, она што многумина не го знаат е дека Ленон бил буквално хорско момче како дете – во црквата Сент Петерс во Ливерпул.

Тој еднаш се самозадоволил девет пати во ден за облог
Ленон честопати ги демонстрираше своите примерни способности уште од мали нозе – барајќи пенкала и хартија наместо играчки како Божиќни подароци, распрашувајќи се за Дедо Мраз на возраст од две години – но далеку најимпресивно било кога, како тинејџер, пријател го предизвикувал да се самозадоволи десет пати на ден. Тој успеал девет.

Тој соработувал со Пол Мекартни по распаднувањето на Битлси
Тој ги опиша пост-сплит песните на Макартни како „granny music“ и беше единствениот Битл кој никогаш не присуствувал на еден од неговите солистички настапи. Сепак, на 28 март 1974 година, двајцата ја имаа единствената сесија за снимање после Битлси, што може да се слушне на албумот „А Toot and a Snore“ во ’74. Мекартни подоцна ја опиша сесијата како „маглива… поради повеќе причини“.

ФБИ се обиде да го депортира
Ленон, роден во Ливерпул, доби зелен картон во 1976 година, за кој многумина не се запознаени дека претставува значајна победа против американската влада. Поради неговата репутација како политички активист, ФБИ потроши неколку години неуспешно анализирајќи ги неговите текстови и ТВ-настапи во обид да најде правна причина за негово депортирање.

Неговите религиозни потсмевања започнаа рано
Неговата изрека од 1966 година дека Битлси биле „поголеми од Исус“ и неговото подоцнежно прикажување на Бог како „концепт со кој ја мериме својата болка“ во песната од 1970 година, биле дел од неговите најконтроверзни моменти. Но, неговите критики кон религијата започнале изненадувачки рано – тој некогаш бил нападнат со конзерви затоа што ги нарекол Библиските книжници и Фарисеи „фашистички“ додека бил во неделно училиште.

Тој бил во собата кога George Harrison ја изгубил невиноста
Јавното “пукање на цреши” е умерено честа појава во рамките на млади и диви групи на пријатели, а Битлси не се разликувале. Харисон го сторил тоа со германска танчерка, додека Ленон, Мекартни и поранешниот тапанар на Битлси, Пит Бест гледале со радост.

Тој бил ужасен возач
Ако сте највлијателниот писател на песни во светот, би било малку алчно ако исто така имате кола со Ф1 спецификации. И Џон Ленон докажа дека навистина не можете да го имате сето тоа со неговото страшно возење – забележителен пример бил кога тој излета со својот автомобил во ендек, за што му требале седум конци на лицето.

Тој обожавал Монопол
За човек кој се спротивставувал на западната капиталистичка потрошувачка култура, Ленон бил изненадувачки пристрасен кон играта на монопол. Тој би играл на авиони и во хотели додека бил на турнеја и очигледно бил опседнат со поседување на полињата „Boardwalk“ и „Park Place“. Не се знае дали сакал повеќе да биде куче или напрсток.

Сакал борба
Bob Wooler докажа недвосмислено дека геј потсмевањата кон Ленон отишле чекор предалеку за време на забавата за 21-от роденден на Пол. Откако во муабет изјавил: „Ајде Џон, што навистина се случи помеѓу тебе и Брајан Епштајн? Како и да е, сите знаат, па кажи ни“, Ленон го претепал до скоро пред умирање. И, оваа љубов кон насилството очигледно започнала рано – еден поранешен соученик од основно училиште тврдел: „Ако некогаш имаше некаква кавга во дворот на училиштето, најверојатно ќе беше вмешан и Џон Ленон“.

