Пред само еден месец, 51-годишната Наоми Кембел ги воодушеви обожавателите со веста дека станала мајка за прв пат во нејзиниот живот.
„Црниот пантер“ доби ќерка – сурогат мајка и помогна во тоа. Тогаш новата мајка на својот Инстаграм профил објави фотографија од нозете на новороденчето и додала: „Мал благослов ме одбра да бидам мајка. Чест ми е што ја поканувам оваа нежна душа во мојот живот. Немам зборови за да ја опишам доживотната врска што сега ја споделувам со тебе, мој ангел. Нема поголема љубов“.
Сега топ моделот сподели нов кадар на нејзината ќерка. Таа објави фотографија на која повторно се гледаат нозете на малото девојче – овој пат во Gucci чевли со везови и бели чорапи. Моделот додаде неколку емотикони налепници со срца.
Лицето на новороденчето сè уште не сме го виделе – се чини дека Наоми го следи трендот поставен од Џиџи Хадид, која сè уште не ја покажа целосно својата ќерка.

