Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

5 најдобри книги кои треба да ги прочитате во 2020 година

Толку многу нови книги излегуваат секоја година што дури не можеме да ги проследиме сите.

За среќа, нè имате нас кои редовно истражуваме што вреди да се прочита прво. Без разлика дали ви се допаѓаат биографии, едукативни содржини, запознавање со нови култури и романи, во овој избор на 5-те најдобри книги објавени во 2020 година, ви ги носиме сите со кратка содржина. Овие наслови ќе ве инспирираат, ангажираат, растажат и нормално за на крај ќе бидете среќно исполнети.

Brother & Sister by Diane Keaton
Актерката Дајан Китон им раскажа на сите врска со нејзиниот помлад брат, Ренди Хол и за нивните животни одлуки, преку нејзините мемоари. Приказната за братска и сестринска љубов и комбинацијата на зборовите на Дијана заедно со поезијата на Хол ќе ве освојат од самиот почетокот.

Hood Feminism: Notes from the Women That a Movement Forgot by Mikki Kendall
Новото издание на авторката од Amazons, Abolitionists, and Activists , ги повикува белите привилегирани феминистки кои ги игнорираат маките на жените од другите раси, социјални услови и жени со посебни потреби, меѓу другите.

This Is What America Looks Like: My Journey from Refugee to Congresswoman by Ilhan Omar
На 12-годишна возраст, таа емигрирала во Соединетите држави по 4 години живеење во Сомалија. Таа е прва сомалиско-американка која е избрана на Конгрес и е една од ретките муслимански жени што им служи на Соединетите држави. Илхан ја раскажува нејзината животна приказна обележана со војна, расизам и исламофобија, сè до моментот кога влегла во Конгресот.

Jokha al-Harthi: Celestial Bodies
Со својот лирски и елиптичен стил, Ал Харти совршено ја евоцира семејната интимност и гради пенлива атмосфера на преполни арапски куќи, додека ја раскажува приказната за 3 сестри, сомнежот и љубовта. Тие се населени со лица за кои воспоставувањето рамнотежа помеѓу крутата традиција и лабилната слободи во општеството оптоварено со тектонските промени не е лесна задача. Борбата на срцето и умот, желбата и можноста е во срцето на овој омански роман кој заслужено ја освои меѓународната награда Man Booker International 2019. Небесните тела смело ги преминуваат границите и отвораат долг и цврсто запечатен прозорец во поинаков свет, што е задоволство да се открие.

Candice Carty-Williams: Queenie
Иако се спореди со култниот дневник на Bridget Jones, Queenie ја надминува таа рамка. Карти-Вилијамс остро и бескомпромисно поставува прашања од важни теми: расизам, сексизам и колективна и индивидуална траума. И покрај допирањето на тешки и табу-прашања, романот е преоден и зачинет со сленг, интернет комуникација и духовити линии. Книгата на Queenie може да ве натера да се смеете, но пред сè нè поттикнува да размислуваме за горчливите проблеми на денешницата.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement