Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

5 ФРИЗУРИ КОИ ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖАТ ЕСЕНТА 2022: Лесни се за стилизирање, му даваат свежина на лицето и ги „отстрануваат“ годините од лицето…

Иако летото е во тек, полека почнавме да собираме идеи и инспирација за есенската сезона. Со оглед на тоа дека знаеме што ќе биде актуелно во наредните месеци кога е модата во прашање, експертите за убавина издвојуваат неколку фризури кои ќе владеат во текот на есенските месеци.

Кога станува збор за трендовите на косата, тоа се претежно фризури кои беа актуелни и во претходната сезона. Подолу одбравме пет фризури за кои се предвидува дека ќе ја одбележат есента и зимата.

  1. Шишки
    Шишките се одличен начин за омекнување на острите контури на лицето, а ваше е да ги одберете оние кои најмногу ви одговараат.Шишките ги избираат многу дами кои сакаат да постигнат помладешки изглед.
  1. Лоб
    Долгиот боб идеално ќе го заокружи тркалезното лице и ќе го направи потенок. Одлучете се за должина која е десет сантиметри под брадата, а најдобро е таа да биде на ниво на клучната коска.
Л
  1. Локни
    Ни се чини дека локните никогаш не излегуваат од мода. Тие се актуелни во текот на секоја сезона, без разлика дали се летни или зимски месеци. Брановите можете да ги постигнете со помош на пегла и виткање, а одлично делуваат на кратката коса каде се препорачуваат благи локни, но и на долгата коса каде имате простор за експериментирање.
  1. Степен
    Доколку сакате да имате малку подолга коса, одлучете се за фризура со повеќе слоеви. Овој тип на фризура ќе создаде илузија на послабо лице. Единственото нешто што треба да го имате на ум е да создадете волумен во долните делови на вашата коса, за вашето лице да изгледа хармонично. Премногу волумен на страните на лицето само ќе направи да изгледате неприродно. Во зависност од текстурата на вашата коса, оваа фризура можете да ја носите директно, но изгледа одлично и кога е скршена.
  1. Боб
    Класичниот боб е секогаш добар избор. Нежно го врамува лицето и ви овозможува да изгледате значително помладо. Лесно е и за стилизирање и може да се носи на различни начини. Од целосно права коса, до меки бранови, па дури и целосно виткани. Исто така, изгледа одлично со или без шишки, можни се широк спектар на опции, во зависност од желбите на сите.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement