Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

5 модели на фустани кои мора да ги имате оваа зима

Доколку добро го комбинирате со должината на капутот и соодветните обувки, омилениот летен фустан можете лесно да го носите и во студените денови. Секако, има и волнени модели во кои се чувствувате најтопло и најудобно, но со малку фантазија вашиот светли сатенски фустан или цветниот со надуени ракави може да станат совршени за ладно време. Ви претставуваме пет модели на фустани кои се во тренд оваа зима, а кои со задоволство ќе ги носите во текот на 2022 година.

Волнен фустан
Обожувана од Французинките, а промовирана и тоа како од брендот Jacquemus. Најубава е кога е целосно долга, со интересна одработка, но годинава особено е популарна миди должината. Носете го со рамни чевли и потпетици, а изберете јакна или капут во зависност од кројот. Предлагаме целосно тесен волнен фустан со предимензионирана јакна со пердуви.

Сатенски фустан
Иако е тенок, можете лесно да носите свилен или сатенски фустан во зима, од долго топло палто од вештачко крзно или
„teddy“ палто. Прекрасно се вклопува со превртени каубојки и велур чизми, одлична е во сите бои, особено во зелена, рѓа или златна.

Темeн фустан со принт
Фустаните со принт годинава привлекуваат посебно внимание. Колку е потемен, толку подобро доаѓа до израз принтот, а се носат точки, пруги, разни цртежи и секако цвеќиња. Облечете краток фустан во темно зелена или бордо со ситни цветови и спојте го со чизми до колена и ќе добиете секси и стилска комбинација за секој ден.

Необичен мал црн фустан
Сигурно имате мал црн фустан во плакарот, но дали имате необичен мал црн фустан? Ова парче облека никогаш нема да излезе од мода, но веќе некое време се инсистира да биде што е можно похрабро, интересно, екстравагантно – со отворен грб, набраздени ракави, асиметричен крој. Време е да набавите нов мал црн фустан.

Предимензионирана силуета
Кога не сакате тесни работи кои ја истакнуваат вашата фигура, само сакате да се чувствувате удобно во тоа што го носите, а во исто време да бидете во тренд, фустаните со предимензионирани ракави и необични кроеви се вистинскиот избор. Можат да бидат со различна должина и најдобро да одат со „chunky“ чизми.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement