Ријана по породувањето долго време не се појавуваше во јавноста, а самото раѓање на бебето се држеше во тајност.Пејачката Ријана се појави за прв пат по пет месеци на настан. Нејзиното момче Асап Роки го прослави својот 34 роденден, а ова беше прво излегување на пејачката по раѓањето на детето.Ријана за оваа пригода избра смел проѕирен фустан со голем шлиц на страна, а инаку уште за време на бременоста го привлекуваше вниманието со своите екстравагантни модни изданија кои беа добра мета за разни коментари.

Пејачката остана доследна на себе, а за роденденот на своето момче избра предизвикувачки фустан под кој немаше градник, па пред фотографите мораше постојано да ги покрива градите со раце.

Ријана со своето ослободување уште еднаш покажа дека е секогаш задоволна со себе и со својот изглед, особено ако се земе предвид дека се породи пред само пет месеци.

Да потсетиме, Ријана роди син во потполна тајност во Лос Анџелес, а нејзината врска со Асап Роки ја следеа бројни негови скандали, за кои тој беше и во затвор. Инаку, убавицата од Барадос е најбогатата пејачка на светот, а на листата на Forbs за најбогати луѓе е на 21 место.
