Познатата пејачка Шер (76) не е меѓу познатите кои деновиве се на Париската модна недела, но посетила друг важен моден настан.
Една од најголемите ѕвезди од седумдесетите и осумдесетите присуствуваше на ревијата на италијанската куќа Versace во Лос Анџелес, каде ја претстави колекцијата облека за есен/зима 2023 година.
На претставувањето на оваа линија не пристигна сама – друштво и правеше нејзиното момче Александар Едвардс (37), а ова беше нивно прво официјално појавување на црвен тепих. Парот реши да пристигне со стил, а покрај тоа што се дотераа и трпеливо позираа за насобраните фоторепортери, Шер и Александар разменија нежности пред сите.

Музичкиот продуцент и музичка дива,која е речиси 40 години постара, изгледала многу среќно и заљубено, пренесуваат американските медиуми.
Двојката првпат беше видена заедно во ноември, кога беа фотографирани како шетаат рака под рака, а подоцна потврдија дека се среќни и се во врска. Неодамна беше објавено дека тие се запозналееден со друг со своите семејства, вклучувајќи ги и нивните деца од претходните врски.

Шер неодамна призна дека е свесна колку чудно звучи што се заљубени и покрај толкава разлика во годините, но не и е гајле премногу бидејќи тоа ништо не им значи.
– На хартија, малку е смешно. Но, во реалноста, неверојатно добро се согласуваме. Тој е одличен. И на мажите не им припишувам квалитети кои ги немаат – истакна пејачката за време на гостувањето во емисијата на нејзината помлада колешка Кели Кларксон во декември.
Александар Едвардс претходно беше во тригодишна врска со поранешната стриптизета и старлета Амбер Роуз, која го обвини дека ја изневерувал со најмалку 12 жени.
