Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

40 години изгледаше идентично, а сега се реши за промена: Легендарниот актер има нов имиџ и никој не е воодушевен…

Американскиот актер Том Круз (60) отсекогаш важел за човек кој едноставно не старее.

На неговото лице има само неколку брчки, тој е во одлична форма, а многумина кои го гледале филмот Top Gun: Maverick од 2022 година велат дека на моменти имале чувство дека го гледаат првиот, оригинален Top Gun од 1986 година а причината е Том Круз кој изгледа речиси исто како тогаш!

Во минатото често се шпекулираше дека на Том Круз не му е непозната естетската хирургија и дека повремено вбризгува разни филери, но јасно е дека тој е човек кој се грижи за себе, бидејќи се уште не користи помош од каскадери и самиот изведува акробации во неговите филмови.

Сега, сепак, се појави во малку поинакво издание, и иако сè уште изгледа многу младешки – ова е веројатно првата голема промена откако го познаваме Круз.

Актерот во Лос Анџелес присуствуваше на забавата посветена на уметниците номинирани за Оскар, каде се дружеше со Колин Фарел, Кејт Бланшет, Остин Батлер, Џејми Ли Кертис.Том се појави во многу елегантен темен костум, составен од сако, елек и панталони, а на сите им привлече око што реши да го промени имиџот.

Круз, всушност, беше многу исончан, а имаше и долга и безгрижно разбушавена коса која му паѓаше под јаката.

Неговите обожаватели не се претерано ентузијасти, па можете да ги прочитате коментарите: „Зошто е Том портокалов?“, „Можеше да си ја исчешла косата“, „Наместо да глуми дечко, нека престане да вбризгува се и сешто во лицето и да биде нормален 60-годишен маж.“ , „Кутиот Том Круз мисли дека изгледа помладо, а изгледа смешно“…

Сепак, неговото широко насмеано лице и понатаму е испреплетено со неколку брчки, што е сосема неверојатно за 60-годишен маж, а естетските хирурзи со години шпекулираат што прави Том Круз за да го зачува својот младешки изглед.

  • Се чини дека Том претера со инјекциите против брчки и филери, што негативно се одрази на неговиот изглед. Без внимателно разгледување, резултатот од процедурата може да биде искривен и неприроден изглед на лицето – изјави хирургот Најла Раџа 2021, откако актерот беше виден на фудбалски натпревар со малку отечено лице.

Том Круз, инаку, беше номиниран за Оскар како продуцент на филмот Top Gun: Maverick, а се шпекулира дека е малку разочаран што не се натпреварува за најдобар актер на годината.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom