Ана Франк била девојче од богато еврејско семејство, која две години живеела во тајно засолниште, криејќи се од сурови и безмилосни германски војници.
Додека престојувала во затворен простор полн со неизвесност и постојан страв за нејзиниот живот и животот на своето семејство, Ана утеха најде во својот дневник „Дневникот на Ана Франк“ кој ги содржи сите детали од животот на нејзиното семејство за време на окупацијата.
Семејството на Ана се преселило во Холандија во 1933 година, која беше окупирана од нацистичка Германија во 1940 година. Откако во 1942 година зачести гонењето на Евреите, Франките се криеја во тајните простории во канцеларијата на Ото Франк – „Тајната скривница“.
По две години, врз основа на телефонска дојава, па биле депортирани во логорите. Ана почина седум месеци од тифус во концентрациониот логор Берген-Белсен, неколку дена по смртта на нејзината сестра Марго. Таа имала само 15 години.
Нејзиниот дневник е единствениот вистински пријател кој ги чуваше сите нејзини тајни.
„Само едно правило треба да запаметиш: Смеј се за сѐ и заборави ги другите! Звучи егоистично, но тоа е всушност единствениот лек против самосожалувањето.“
„Луѓето можат да ти речат да замолчиш, но тоа не те спречува да имаш свое мислење.“
„Погледни како една свеќа може истовремено и да ја дефинира и да ѝ се спротивставува на темнината.“
„Спомените ми значат повеќе од фустаните.“
„Големината на човекот не лежи во богатството и моќта, туку во карактерот и добротата. Луѓето се само луѓе и сите луѓе имаат маани и недостатоци, но сите се раѓаме добри.“
„Но, чувствата не можат да се игнорираат, без разлика колку неправедно или неблагодарно изгледаат.“
„Сфатив дека убавината секогаш постои некаде – во природата, сончевите зраци, слободата, во самите себе. Сѐ тоа може да ти помогне.“
„На долг рок, најострото оружје од сите е добрата и нежна душа.“
„Тивката совест го прави човекот силен!“
„Таму каде што постои надежта, постои и животот. Таа нè полни со свежа храброст и повторно нè прави силни.“
„Сите живееме со желба да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти.“
„Можеш да бидеш осамена дури и кога многу луѓе те сакаат, ако никому не си една и единствена.“
„Момците ќе бидат момци. Но, дури ни тоа не би било важно кога би ги спречиле девојките да бидат девојки.“
„Длабоко во себе, младите се поосамени од старите.“
„Сакам да пишувам, но уште повеќе сакам да го изнесам сето она што лежи длабоко во моето срце.“
„Бидејќи хартијата има повеќе трпение од луѓето.“
„Зошто некои луѓе мора да гладуваат, додека во другите делови од светот постои вишок? Ах, зошто се сите луѓе толку луди?“
„Никој не станал сиромав давајќи.“
„Не сакам залудно да живеам, како повеќето од луѓето. Сакам да бидам корисна и да донесам задоволство до сите луѓе, дури и до оние кои никогаш не сум ги запознала. Сака да продолжам да живеам и после смртта!“
