Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

20 години помладата убавица буквално му го спаси животот: Која е девојката што му го украде срцето на Антонио Бандерас?

Еден од најголемите холивудски заводници Антонио Бандерас блесна на 95-тото доделување на Оскарите со својата девојка Никол Кимпел.

Како и обично, тоалетите на познатите личности на тепихот со шампањ привлекоа големо внимание во јавноста, бидејќи ова е прва година кога нема црвен тепих.

Модни промашувања речиси и да немаше, а генерално, може да се каже дека оваа година дамите најмногу беа инспирирани од гламурот на Холивуд.

Еден од презентерите на Оскарите, актерот Антонио Бандерас (62) пристигна на Оскарите во придружба на неговата девојка Никол Кимпел (42).

Актерот од „Mask of Zorro“ изгледаше феноменално во елегантен црн смокинг, додека неговата долгогодишна девојка воодушеви во монохроматско темноцрвено издание.

Таа за оваа прилика избра комплет составен од кроп топ и панталони, а фокусот на целата комбинација е на масивна наметка која се влечеше по подот.

Целата оваа комбинација го истакна деколтето и издлабените стомачни на Никол, а шик пунџата со лабави прамени уште повеќе го истакна нејзиното лице.

Ѓерданот и прстенот го комплетираа ова издание, кое, слободно можеме да кажеме, беше едно од најдобрите што ги видовме вечерва.

Која е убавицата која го освои срцето на Антонио Бандерас?

Никол и Антонио се во врска од 2014 година, а се запознале истата година на Канскиот филмски фестивал.

Да потсетиме, Антонио Бандерас беше 19 години во брак со колешката Мелани Грифит, со која ја има ќерката Стела.Често велеше дека поранешната сопруга му е најдобра пријателка, па често поминуваат време заедно.

Сепак, во последните 9 години неговото срце и припаѓа на Никол, која е 20 години помлада од неа.

Таа е инвестициски консултант со германско-холандско потекло. Зборува пет јазици, а освен германски и холандски, течно зборува и француски, шпански и англиски.

Антонио и Никол ретко се разделуваат, па заедно се појавуваат на речиси сите јавни настани.

Како што еднаш призна Антонио, Никол му го спасила животот кога имал симптоми на срцев удар во 2017 година.

Таа во вистински момент била покрај него и брзо реагирала давајќи му аспирин, кој како што вели го спасил од смрт.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement