Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

20 години е далеку од Холивуд: Легендарниот актер кој сите го сакаме веќе никој не го препознава…

Неговите филмови ги обожаваа генерации и генерации, но веќе тој толку многу е остарен што е тешко да се препознае.Ако сега ги наброиме сите негови филмови и улоги, не сме сигурни кога точно би завршиле. Тоа е легендарниот американски актер Џин Хекман.Поради својата возраст, тој не глумеше околу две децении, а досега во Холивуд не се појавил уметник со неговата моќ на трансформација и веродостојност со која ги толкувал своите ликови.

Многу луѓе не го сакаат бидејќи често глумеше негативци во вториот дел од кариерата. Сепак, тоа е само затоа што ги одигра маестрално.

Ги има многу и сега нема да ги споменуваме, но не можеме да го изоставиме славниот Лек Лутор, најголемиот непријател на Супермен. Исто така, добро се паметат неговите улоги пред „ерата на негативците“. На пример, оние од филмовите Wiretap или The French Connection.

Исто така, за него треба да се знае дека на 16 години им се придружил на маринците, каде неколку пати бил казнуван. Сите биле зачудени што толку млад човек сакал да им се придружи на маринците, а неговиот одговор ги насмеал сите.

-Не можев да најдам девојка – рече Хекмен, иако на малку повулгарен начин.

Подоцна работел во новинарство и ТВ продукција, на факултет цимери му биле Роберт Дувал и Дастин Хофман, а сериозни улоги почнал да добива околу 30-тата година од животот.

Сега е во старост. Има дури 93 години и не глуми долго време. Меѓутоа, пред десетина години сите весници пишуваа за него кога му удри шлаканица на еден маж на улица откако ја навреди сопругата. Тој тогаш имаше 83 години.

Американските папараци го снимија оваа недела кога отишол во продавница и бензинска пумпа. Странските медиуми опишуваат дека актерот е многу подвижен за своите години, но годините си го направиле своето.

Ослабе многу и лицето му се промени. Треба внимателно да се погледне за да се разбере дека се работи за легенда, која одбележа ера на седмата уметност.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement