Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

18 Златни совети на Далај Лама за среќен живот

Далај Лама XIV – духовен лидер на луѓето од Тибет, писател, филантроп, социјален активист и добитник на Нобелова награда. Тој е роден во сиромашно селско семејство, кое се занимавало со одгледување на овес и компири. На раѓање му било дадено името Лхамо Дхондруб, што значи „божица на желби“. Во Тибет, при изборот на име не се зема предвид полот на бебето. Лхамо бил 9-то од 16 деца во семејството, од кои само 7 преживеале.

Кога имал само 2 години неговото село го посетиле група на Лами. Тие го избрале Лхамо за новиот Далај Лама. По 3 години тој бил ставен на престолот на Тибет и добил монашко образование. Денес ние ги споделуваме со вас неговите цитати што ќе ви го разубават дури и најлошиот ден.

1. Имајте на ум дека голема љубов и голем успех во себе нужно носат и голем ризик.

2. Во животот не можете да очекувате секојпат да бидете победници, но важно е од поразот да научите лекција.

3. Почитувајте се себе, почитувајте ги другите и преземајте одговорност за своите дела.

4. Понекогаш најдобрата работа која може да ви се случи е да не го добиете тоа што го сакате.

5. Добро научете ги правилата за да знаете како да ги прекршите.

6. Не дозволувајте мали несогласувања да влијаат лошо врз големо пријателство.

7. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, направете сѐ што е потребно за да ја поправите грешката.

8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.

9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.

10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарите ќе можете да размислувате за својот живот и да уживате во него по вторпат.

12. Атмосфера преполна со љубов во домот е темел за добар живот.

13. При несогласувања со саканите личности, занимавајте се исклучиво со сегашните ситуации. Никогаш не се повикувајте на минатото.

14. Учете и делете го знаењето со другите. Тоа е единствен начин да станете бесмртни.

15. Чувајте ја природата.

16. Еднаш годишно отидете на место на кое никогаш претходно не сте биле.

17. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која вашата љубов е посилна од потребата што ја имате еден кон друг.

18. Смислата на успехот барајте ја во сите оние работи од кои моравте да се откажете за да го постигнете.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement