Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

10-те најубави жени на светот кои го оставаат без здив посилниот пол

Она што е убаво за една личност, не мора секогаш да биде убаво за сите други. Сепак, не може да се негира дека некои работи, едноставно ги оставаат скоро сите без текст. Една од нив е дефинитивно женската убавина. Се пееја многу песни за неа, таа беше инспирација за многу сликари, причина за кавгата меѓу родени браќа и причините за војните. Значи, таа е вистинска. Вистинската женска убавина ни доаѓа од различни делови на светот, и силна како молња го тропа посилниот пол на колена. Жените што ќе ви ги претставиме денес, машката популација ги избра за една од најубавите. Заедничко за сите нив е неверојатната харизма што ја зрачат.

ЏИЏИ ХАДИД

Џиџи е американска супер-модел која ја започна својата манекенска кариера на само 2 години кога беше избрана за модел на брендот Baby Guess. Оваа млада девојка има работено за модни куќи како Соња Рикиел, Долче и Габана и Том Форд.

КАРА ДЕЛЕВИЊ

Британската актерка, која стана манекенка, ја доби својата голема шанса во 2012 година. На само 24 години, оваа девојка двапати ја имаше титулата „Модел на годината“ што ја доделија британските модни награди.

АМБЕР ХЕРД

Американска актерка која дебитираше во 2004 година. 31-годишната девојка е позната по улогите во Pineapple Express и Never Back Down. Згора на тоа, дури и науката смета дека оваа дама има најубаво лице на светот.

ЕМА СТОУН

Друга во низата американски актерки, Ема и е позната на јавноста по улогите во филмовите „Помош“ и „Ла Ла Ленд“. Всушност, во 2015 година, таа беше една од најплатените актерки во светот. Ема важи за една од најталентираните актерки во светот.

ЛИЗА СОБЕРАНО

Лиза е американска актерка по потекло од Филипини и е позната по улогите во филмовите Wansapanataym и Must Be … Love. На списокот на најубави жени во светот, оваа девојка ја зазеде втората позиција во 2016 година.

СКАРЛЕТ ЏОХАНСОН

Скарлет е американска актерка, модел и пејачка. Дебитираше за филм во далечната 1994 година и е позната по улогата – Црна вдовица. Скар е добитник на наградата „Најсекси жена на светот“ на списанието Esquire двапати.

МИРАНДА КЕР

Миранда е еден од ангелите на Викторија Сикрет. Исто така во 2013 година, Миранда беше еден од најплатените модели во светот. Покрај тоа што е многу успешна во светот на модата, таа промовираше и своја линија производи за нега на кожата.

ЕМА ВАТСОН

Ема и се претстави на јавноста со нејзината улога во реализацијата на Хари Потер. Во следните години, имавме можност да ја гледаме Ема како цвета и станува исклучителна млада актерка, со егзотична убавина.

АДРИАНА ЛИМА

Адријана е една од најуспешните супер-модели на денешницата. Во 2012 година, таа беше една од најплатените модели. Таа работеше за агенцијата Ангел на Викторија Сикрет и беше претставник на кампањата за козметика „Мејбелин“.

СЕЛЕНА ГОМЕЗ
Сите ја знаеме младата Селена како актерка од Дизни во Визардс од Веверли Плејс. Благодарение на својот талент, Селена стана најуспешната и најпопуларната личност денес.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement