Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

10 лекции што можеме да ги научиме од Фрида Кало

Фрида Кало, мексиканска уметничка родена во 1907 година, под името Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерону, во местото Којоакан останала запаметена како една од жените со чии дела се гордееме. Без страв да ги искаже своите политички и сексуални ставови, без дилема како ќе го живее својот живот, остана вечна инспирација и ни остави лекции кои ќе ни го олеснат животот.

Истакни го она што те прави посебен и различен

Фрида со своите познати веѓи и црвениот кармин на усните, кои биле нејзин заштитен знак, била нетипично атрактивна, посебна, поразлична и запаметена.

Иако ја критикувале за својот ексцентричен изглед, ни во еден момент не помислила да ги послуша повеќето луѓе и да се прилагоди на нив. Оваа уметничка на своите автопортрети ги нагласувала веѓите и на тој начин му порачувала на светот: „Не трудете се да ме менувате, тоа е дел од мене“.

Колку и да е тежок, животот е вреден за живеење.

Животот на Фрида воопшто не бил лесен, имајќи во предвид дека уметничката боледувала од детска парализа. Поради болеста, девет месеци морала да ги помине во кревет и да трпи неподносливи болки.



За да издржи, често фантазирала за подобар живот. По заздравувањето, како последица на болеста, едната нога и останала пократка и потенка од другата, поради што била предмет на исмејување од своите врсници. Во младоста доживеала страшна сообраќајна несреќа поради која останала инвалид.

Но, ни болеста ни сообраќајката не ја обесхрабриле, не се срамела од тоа, била горда и сопствениот недостаток го истакнувала. Не сакала да покажува слабост и никогаш не плачела.

– Не сум болна, само скршена. Среќна сум сè додека можам да сликам, напишала во својот дневник.

Сакајте го своето родно место

Татко и бил Германец, а мајка и Мексиканка, па од тука потекнува и нејзината љубов кон овие култури. Од уметнички дела, до уредување на домот во сè може да се прочита и пронајде љубовта кон нејзиното мешано потекло. Фрида гордо носела традиционална мексиканска народна носија и својот дом го исполнувала со народни мотиви.

Животот е поубав во боја



Фрида ги обожавала боите. Црвената, портокаловата, жолтата и зелената биле главни бои на нејзините дела. Исто така, се трудела нејзината облека да биде што е можно поразнобојна и колоритна, а свежите цвеќиња во градината биле чест детаљ во нејзината коса. Колку и да и бил животот болен и тажен, преку боите успевала да ја измами позитивната страна.

Никогаш не се извинувајте поради она што сте

Фрида не била ни тивка ни повлечена… Не се ни грижела дали со своето тело, став или личност некој ќе го заплаши. Никогаш не се извинувала поради својата уметност, политички уверувања, сексуалност… Едноставно била она што е.

„Јас сликам автопортрети затоа што сум толку често сама, затоа што јас сум личноста што ја познавам најдобро“.

“Преживеав две големи несреќи во мојот живот. Едната во која трамвајот ме направи она што сум, а другата е Диего. Диего беше далеку полош”.

“Ништо не вреди повеќе од смеењето. Моќта е да се смееш и да се оставиш сѐ зад себе, биди лежерен”

„Никогаш не ги сликам своите соништа или кошмари. Ја сликам мојата реалност“.

“Не сум болна. Скршена сум, но сè додека можам да сликам, среќна сум што сум жива”.


Претходно мислев дека сум најчудната личност во светот, но потоа помислив дека од толку луѓе на светот, мора да постои некој како мене кој се чувствува бизарно и дефектно на начин на кој се чувствувам јас. Така ја замислував личноста, мислејќи дека таму некој ме замислува и мене. Се надевам дека ако си таму негде и сега го читаш ова, да знаеш дека сум овде и дека сум чудна исто како и ти.

Прочитај

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

Advertisement