Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џулија Робертс објави страсна фотографија со сопругот Даниел Модер, а поводот е посебeн!Честитки пристигнуваат од сите страни…

Холивудската миленичка Џулија Робертс ретко открива детали од својот приватен живот во јавноста, но овој пат направи исклучок – и тоа со посебна пригода. Згодната актерка и нејзиниот сопруг, снимателот Даниел Модер,слават 21-година во брак.По тој повод, холивудската убавица на социјалните мрежи сподели ретка фотографија на која разменува страсни бакнежи со својот животен партнер и ја воодушеви својата армија обожаватели…

Наградуваната актерка Џулија Робертс и нејзиниот животен сопатник Даниел Модер прославија 21 година брачна љубов, која, според сите сметки, е силна како и на самиот почеток на нивната врска.

55-годишната актерка, која многумина ја сакаат, на социјалните мрежи речиси и да не ги покажува членовите на семејството, но овој пат ги изненади сите со ретка заедничка фотографија со која му посака среќна годишнина на својот сопруг.

Ѕвездата на филмот „Ерин Брокович“ објави фотографија на која разменува страсни бакнежи со една година помладиот сопруг, а до него го стави само бројот 21 и додаде хаштагови за да стане јасно дека камерманот е нејзината„вистинска љубов“.

„Сестра Шкорпија! Среќна годишнина гулаби! Ве сакаме и двајцата!“, „Среќна годишнина на моите најблиски“, и порачаа во коментар нејзините фанови и пријатели.

Иако денес се познати како еден од најдолговечните и најхармонични славни парови, убавата актерка и камерманот ја започнаа љубовната врска на начин што многумина го сметаат за неприфатлив.

Имено, меѓу нив се појави искра во 2001 година за време на снимањето на филмот „Мексиканецот“ во кој Џулија Робертс игра една од главните улоги со холивудскиот миленик Бред Пит.

Даниел Модер тогаш беше во брак со шминкерката Вера Стајмберг, додека „Убавата жена“ се бакнуваше со актерот Бенџамин Брет.Сепак, нивниот љубовен статус не ги спречи да се заљубат еден во друг, а Џулија еднаш призна дека камерманот ја освоил на прв поглед.

Веднаш се заљубив во него. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да мислам на него и знаев дека ќе бидам во неволја“, изјави таа во едно интервју.

Тогаш славните сопружници започнаа афера која им донесе многу проблеми, бидејќи семејството на камерманот ја обвини актерката за уништувањето на неговиот брак.На Џулија не и требаше многу време да го напушти тогашниот партнер, а набрзо Даниел се исели од семејниот дом и ја остави сопругата да биде со новата избраничка.

Џулија Робертс и Даниел Модер се венчаа во јули 2002 година во приватна капела на нејзиниот ранч во Ново Мексико. Младенците со сите сили сакале да имаат деца, но на почетокот немале среќа бидејќи актерката никако не можела да остане бремена.

Меѓутоа, во 2004 година, нивната желба конечно се исполни, а близнаците Хејзел и Финеус пристигнаа како круна на нивната љубов. Три години подоцна, семејството стана побогато со уште еден член, сега 16-годишниот син Хенри.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement