Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џулијан Мур со својот модерен стајлинг покажала како на 60 години да изгледате двојно помладо

Се е во начинот на облекување.

Легендарната 60-годишна актерка е забележана пред два дена на сетот за снимањето на најновиот филм „Sharper“ во Њујорк. Откако носела две различни тренди комбинации во ист ден, не можевме а да не се запрашаме – како е можно таа да е во седмата деценија од животот?

Всушност, се е до начинот на кој се облекувате. Изгледот кој го имаше во првиот дел од денот беше крем свилено здолниште, кое го спои со плетен џемпер во иста нијанса. Преку рамото носела камила блејзер, додека ја заокружи монохроматската облека со велур чизми.

Со модните детали, црната кожна чанта на Хермес Биркин и црните очила за сонце Шанел, таа внесе драматичен израз на целиот стајлинг. Својата препознатлива црвена коса ја стилизирала зад ушите, истакнувајќи ги дијамантските обетки.

Малку подоцна истиот ден, таа ни прикажа уште едно одлично стилско инспо. Црн костум – блејзер со рамен крој и тесни панталони, опремени со бела кошула, додека на нозете носела бели патики, демонстрирајќи моќна спортска елеганција. И овој пат не го пропушти модниот детаљ во вид на очила за сонце – црни ленонки, кои дополнително придонесоа за лежерниот изглед на овој софистициран стајлинг.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement