Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џорџ Клуни откри како ја запросил својата сопруга Амал, но и тајните на неговата фризура: „Клечев на едно колено и реков, слушај, ќе го дислоцирам колкот!“

Освен кога поинаку го бара некоја улога, Џорџ Клуни е познат по својата едноставна, кратка фризура и уредна брада. Во интервју за неделната утринска програма на Си-Би-Ес, 59-годишниот актер, режисер, сценарист, продуцент, бизнисмен и хуманитарец рече дека коронавирусот и карантинската пандемија не му создаваат никакви проблеми со одржување на косата и брадата, бидејќи 25 години ја сече сам брадата.

Тој рече дека сето ова време ја користи машината Flowbee, која истовремено ја сече косата и ја вшмукува, така што нема неред кој обично е придружен со местење на фризура. Шармантниот добитник на Оскар рече дека неговата сива коса е како слама и многу лесно се сече, па затоа е ретко да се погреши. „Мојата фризура буквално трае две минути“, тврди Џорџ.

Разговорот исто така беше можност Џорџ уште еднаш да разговара за тоа колку неговата сопруга Амал, позната адвокатка за човекови права, влијаела врз неговиот живот. Клуни вели дека несомнено е дека присуството на Амал смени апсолутно сè во неговиот живот, а двете деца, тригодишните близнаци Александар и Ела, само ја завршија целата слика иако никогаш не помислуваше дека ќе се ожени и ќе има деца.

Тој и Амал не зборуваа за брак на почетокот на нивната врска, тој ја запроси одеднаш и ѝ требало доста време да се согласи. Таа рече дека тој клечел на коленото пред неа дваесетина минути и конечно рекол „Слушај, ќе го дислоцирам колкот“ пред Амал да го прифати барањето.

Тие исто така не зборуваа за деца, но и тоа се промени, а тој беше во целосен шок и не можеше да зборува десет минути кога на ултразвукот дознаа дека ќе имаат близнаци, момче и девојче.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement