Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џорџ Клуни конечно откри како успеал да ја убеди Џулија Робертс да глуми со него…

Џорџ Клуни и Стивен Содерберг се потсетија на снимањето на филмот ‘Единаесет на океанот’ и открија неколку интересни и досега непознати детали за актерската екипа. Една од поинтересните приказни е секако како Џорџ Клуни успеал да ја убеди Џулија Робертс да ја прифати улогата,откри Џорџ и кои големи актери ги одбиле улогите и на крајот зажалиле, но и кој филм го снимил за кој денес најмногу жали .За време на TCM Classic Film Festival, се разгоре интересна дискусија за еден од најдобрите филмови кои Стивен Содерберг некогаш ги направил – ‘Единаесет на океанот’. Во средината на правењето шеги за вкрстувањето на легендарната комедија за грабеж и „Волшебниот Мајк“, исто така во режија на Содерберг, и флертувајќи со идејата да се продолжи приказната за брилијантната екипа за грабеж, Џорџ Клуни откри неколку интересни и претходно непознати детали за величествената актерска екипа. Во првото продолжение на познатата франшиза, покрај Џорџ Клуни, глумеа Бред Пит, Џулија Робертс, Енди Гарсија, Мет Дејмон и Дон Чидл и други, а токму благодарение на комбинацијата на неговото име и Џорџ Содерберг успеа да собере така многу брилијантни актери. Додуша, не избледеа ниту врските и познанствата на продуцентот Џери Вајнтрауб, а сигурни сме дека дел од заслугата е и на одличното сценарио кое заинтригира многумина.А сепак, некои требаше да се убедат малку повеќе, а една од нив беше Џулија Робертс, која самиот Џорџ успеа да ја освои со својата духовитост и шарм. Имено, тој признал дека на шега и го испратил сценариото заедно со банкнота од 20 долари и порака на која пишувало „Слушам дека сега добиваш 20 долари по филм“, мислејќи на нејзината цена од 20 милиони долари, кои ги заработувала по филм. Најпознатиот холивудски шармер успеа да ја насмее со оваа шега, што на крајот доведе до тоа да ја прифати улогата.

Но, за разлика од неа, имаше и такви кои никој и ништо не можеше да ги убеди да се приклучат на величествената актерска екипа, и покрај поканата од човек кој доби номинација за Оскар за неговите два претходни филма.Некои луѓе ни рекоа не“, коментираше Содерберг а се согласи и Џорџ со него. “Некои многу познати луѓе веднаш ни рекоа да се откажеме.Марк Волберг, Џони Деп.Имаше и други”, откри тој. Додаде и дека денеска посакуваат да донесат поинаква одлука, но и дека тој самиот се кае за еден избор: „Сега се каат.Се каам што глумев ебан Бетмен“, беше искрен.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement