Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џорџ Клуни итно пренесен во болница

Лекарите му дијагностицирале панкреатит, односно воспаление на панкреасот, што може да биде опасно по живот.

Џорџ Клуни бил згрижен во болница со панкреатит, како последица на екстремно слабеење, за потребите на претстојниот филм „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky), како што пренесува британски „Мирор“.

Имено, 59-годишниот глумец загуби скоро 13 килограми за улогата во филмот како астроном кој преживеал апокалипса. Но, потоа минал неколку недели во болница заради оздравување. Клуни е и режисер на филмот.

Мислам дека се трудев премногу брзо да ослабам и веројатно не се грижев доволно за себе… Ми требаа неколку недели да заздравам, а како режисер, тоа не е така лесно, затоа што ти треба енергија. Бевме и на глечер во Финска, што исто така, ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна во градењето на карактерот, раскажува Клуни. Меѓу другото, за улогата морал да пушти и долга брада, но тоа и не било на така големо задоволство на неговата сопруга Амал.

Мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога ја снема, бидејќи претходно не можевме да го најдеме лицето мое под целиот тој неред, додава тој. Семејството Клуни се родители на близнаците Александар и Ела (3) и од февруари, при сето време во пандемијата се во својот дом во Холивуд Хилс. За жал, жртвата на Клуни за „Небото на полноќ“ не му донесе поени кај критичарите. Филмот доби 58 од 100 бодови по 36 критички осврти на интернет-страницата „Rotten Tomatoes“. Првото прикажување e на 23 декември.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement