Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џон Траволта се збогуваше со својата филмска партнерка од „Брилијантин“: Ни го направи животот поубав…

Њутн-Џон и Траволта стекнаа меѓународна слава кога ги играа Сенди и Дени во сега култниот филм „Брилијантин“ во 1978 година. Тие улоги ги поврзаа засекогаш и останаа пријатели.По тридецениска борба со ракот, вчера на 73-годишна возраст почина актерката Оливија Њутн-Џон. Нејзиното семејство објави дека Оливија починала во нејзиниот ранч дом во Јужна Калифорнија. Од Оливија на социјалните мрежи се прости и нејзиниот партнер од „Брилијантин“ Џон Траволта. „Најдрага моја Оливија, ти ги направи нашите животи многу подобри!

Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме повторно на крајот од патот и ќе бидеме заедно. Твој, откако првпат те видов,твој засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон“, напиша Траволта на Инстаграм и објави фотографија од Оливија од нејзините помлади денови. Њутн-Џон и Траволта стекнаа меѓународна слава кога ги играа Сенди и Дени во сега култниот филм „Брилијантин“ во 1978 година.Тие улоги ги поврзаа засекогаш и останаа пријатели. Пред само неколку години, парот ги повтори своите улоги за специјална вечер во Вест Палм Бич, Флорида. Оливија потоа повторно го облече препознатливото жолто здолниште од филмот, а Траволта на сцената се појави во класична кожна јакна и со фризурата што ја имаше во „Брилијантин“. – Снимањето беше забавно, но со филмовите никогаш не се знае дали ќе и се допадне на публиката или не, дури и да им се допаѓа на актерите и екипата. Неверојатно е што сè уште трае, но не само тоа, не покажува знаци на запирање. Кажувате „Сенди и Дени“ и луѓето веднаш знаат за кого се работи – изјавила Оливија во интервју за Форбс во 2018 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement