Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џиџи Хадид и Зајн Малик ја почестија ќерката Каи со луда торта за првиот роденден

Девојчето викендов наполни една година.

Џиџи Хадид и Зајн Малик имаа многу важен предизвик: да го прослават овој викенд, првиот роденден на нивната ќерка Каи – и тоа го направија со стил.

Gigi Hadid's Bradford Football Club birthday cake for Zayn Malik is a  masterpiece | HELLO!

Двојката, која е заедно од 2015 година, го прослави специјалниот настан во нивниот стан во Њујорк, а за среќа манекенката (26) сподели неколку фотографии со своите фанови.

Според ,,сторињата” кои ги објави, Џиџи откри дека Каи била почестена со прослава со тематика на Word Party. Word Party е популарна анимирана детска телевизиска серија што се емитува на Netflix и прикажува четири прекрасни бебешки животни, Фени гепард, Бејли слонот, китот Волаби и Лулу панда.

gigi-hadid-cake-daughter
Во чест на Каи беше направена и неверојатна торта со Word Party

„Моето бебе наполни една година овој викенд“- напиша мајката покрај сликата на која се гледа дека терасата на нејзиниот стан е украсена со балони, вклучувајќи ја и џиновката Лулу од пандата.

Џиџи и Зајн поставија неверојатна игралиште за ќерката и нејзините пријатели, вклучувајќи јама со топки и замок.

khai-birthday-decorations
,,Мини гостите” добија ,,целосен третман” во текот на целиот ден

Но, главен елемент на шоуто беше без сомнение тортата на три ката. Каи освен што доби торта на Word Party со сите ликови на шоуто, доби уште и тони балони кои можеа да се јадат, големо виножито и розов број еден.

gig-hadid-home

Интимната семејна забава се одржа во станот на парот вреден 4 милиони долари на Менхетен.

Имотот има две спални соби, две бањи и кујна со готвач, а сето тоа Џиџи го реновираше во текот на 2019 година.

Во рамките на нејзината станбена зграда, таа исто така има простор за скалдирање и фитнес центар.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement