Алекс Родригез продолжува да ги „поместува“ границите кога станува збор за љубовта кон Џенифер Лопез. Имено, поранешниот бејзбол играч одлучи да ја изненади својата свршеница на необичен начин на Денот на вљубените.
Дека тој успеал во тоа, сведочат и снимките што Џенифер Лопез ги објави на Инстаграм.
Имено, Алекс ѝ оставил огромен букет цвеќе на масата, со голем број рози, како и со порака чија содржина Џеј Ло не ја откри. Но, тоа не беше сè.
Сè започна ноќта пред Денот на вљубените. Имено, Алекс го украси креветот со ливчиња од роза каде што се испишани првите букви од нивните имиња, и сето тоа е врамено во срцето.
Балони имаше од сите страни, а во соседната соба беше пронајден знак со натпис „Те сакам“.



