Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џеј Ло сепак не се мажи: „Околностите ни дадоа можност да размислиме“

После бројните „трач приказни“, Џенифер сега отворено проговори за бракот, притоа шокирајќи многу фанови кои се прашуваат – што се случува?

На почетокот на 2020, светот едвај чекаше да ја види една од најочекуваната венчавка на годината – онаа на пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез. Како и да е, пандемијата на коронавирусот ги спречи нивните планови, па свадбата, како и многу други, била откажана. Со оглед на тоа што досега Џенифер говорела, дека венчавката ќе се одржи, било само прашање на време, многумина се шокирани од нејзиното последно интервју, во кое таа навести дека тоа најверојатно – нема да се случи.

Имено, Џеј Ло гостувала во емисијата на Енди Коен, каде зборувала за нејзините планови во иднина, а во исто време разочара многумина. Имено, латино дивата открила дека таа и Алекс размислуваат воопшто да не стапат во брак. „Да, ние размислувавме за тоа. На наша возраст, двајцата веќе бевме во брак, па се прашувавме: Дали воопшто треба да се венчаме? Што значи тоа за нас?“– започна Џенифер.

„Сè ќе зависи од личните ставови, дали сакате тоа да го направите воопшто? Дефинитивно нема брзање. Беше многу тажно затоа што требаше да се венчаме во јуни во Италија, планиравме сè. Така, во март или април, гледавме сè што се случуваше и помисливме: Ова можеби нема да се случи. Италија во моментов е најлошото место во светот, и таму треба да се венчаме. Тогаш реков: „Добро, мора да откажеме сè“, продолжи Џеј Ло, која додаде дека планирала венчавка со нејзиниот придружник после тоа, подоцна оваа година. Сепак, околностите не им дозволија да го сторат тоа дури и тогаш.

„Беше разочарувачки“, искрено рече таа, признавајќи дека откажувањето на венчавката им даде можност да размислат подобро за тоа што двајцата сакаат во иднина. Притоа, таа се осврна на врската помеѓу 69-годишниот актер Курт Расел и неговата партнерка Голди Хоун, кои се заедно 37 години – и никогаш не застанале пред олтар.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement