Џенифер Лопез (51) синоќа настапи на церемонијата на доделувањето на наградите АМА во Лос Анџелес, што се одржа во посебни услови поради пандемијата на коронавирус, а се појави на црвениот килим во сребрено издание.
Латино дивата за овој настан избра дводелен сребрен макси фустан со потпис на луксузната модна куќа Balmain. Длабокото деколте на овој модел ги откри нозете на познатата американска пејачка и актерка. Таа го комбинираше овој секси стајлинг со кроп топ со долги ракави, нагласени рамена и деколте што уште повеќе ја истакна нејзината фигура.

Овој модел ги открива сите „критични“ женски точки како што се стомакот и половината. Џеј Ло го зачини овој стајлинг со сандали украсени со светкави апликации со високи потпетици, чанта со светки и неколку пристојни парчиња накит.
