Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џејн Фонда: Животните мудрости на холивудска икона што го менува животот на подобро

Џејн Фонда ја доби наградата за животно дело на Сесил Б. Демил на Златните глобуси годинава. Тоа е една од најпрестижните награди во Холивуд, именувана по славниот режисер, и која се доделува за исклучителен придонес во филмската уметност.

Не само што Џејн Фонда има значително влијание врз светот со својата глума, туку таа направи многу позитивни промени и преку нејзината активистичка работа.

Со политички активизам започнала во 60-тите години на минатиот век и со текот на годините била главен застапник на феминизмот и човековите права.

Таа, исто така, допре многу животи со своите искрени признанија за траумата во детството, сексуалното вознемирување и слични деликатни теми.

Што научи 83-годишната оскаровка во нејзината богата и плодна кариера и живот, прочитајте во продолжение на текстот…

„Феминизмот не е само за жените. Феминизмот значи да им дозволиме на луѓето да го живеат животот во потполност, како што сакаат”.

„Ако соберете доволно сила и почнете да верувате во себе, лесно ќе ги претворите сите слабости во предности. Мора да имате верба во себе, ако не верувате дека можете да направите сè, другите ќе веруваат во тоа уште помалку”.

„Потсвеста значително влијае на нашите животи. За да бидеме среќни мора да влијаеме на потсвеста со рационален дел од нашето битие. Не можеме секогаш да ги контролираме мислите, но можеме да ги контролираме нашите зборови. Со повторување на одредени желби испраќаме порака до потсвеста, а потоа стануваме господари на ситуацијата”.

„Душата ја излекувате во моментот кога не се сеќавате на причината за кавгата“

„Никогаш не е доцна. Секој ден е можност да се започнат работите одново. Никогаш не е доцна да се биде среќен”.

„Прашајте. Секогаш барајте ново знаење. Тоа нè прави навистина живи”.

„Секој од нас е дојден на овој свет со мисија. Никогаш не смеете да мислите дека не сте доволно вредни”.

„За да бидете успешни, мора пред сè и најважно да бидете луѓе. Само добрите луѓе имаат привилегија да бидат наградени со успех”.

„Човек не учи важни животни лекции од успехот или искуствата на другите луѓе, учи само кога ќе удри во ѕидот со главата. Неуспесите се дел од животот и ние мора да ги прифатиме. На крајот на краиштата, тие не се секогаш целосно лоши, понекогаш се најскапите животни лекции.

„Едно парче мудрост е да знаете што повеќе не ви треба и да го пуштите да замине од вашиот живот“.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement