Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џејн Симор во своите 70-ти години изгледа феноменално

Џејн Симор, која е позната по серијата „Dr. Quinn, Medicine Woman“ и секако сексипилната девојка на Бонд, вели дека никогаш не користела пластични интервенции за убавина, а својата тежина ја одржувала на специфичен начин.

Актерката во емисијата „Loose Women“ открила дека сè уште има иста тежина како што имала на своите 17 години. Џејн неделава го прослави 70-от роденден, а формата и изгледот се неверојатни.

Сејмор додаде дека тајната на нејзиниот успех е пилатес, еден оброк дневно и уживање во чаша вино и темно чоколадо. Сака и да пешачи, и вели дека никогаш не држи диета и верува дека треба да си угодите било каква храна, но во умерени количини.

“Одам на плажа, вежбам пилатес. Се обидувам да останам во форма и да се хранам здраво, но никогаш не сум на диета и слично, сè е умерено и тоа влијае на мене”, изјави Џејн.

Таа истакна дека еден оброк дневно е добар трик.

“Утрото прво кафе, а потоа и храна. Јас обично се брзам некаде и заборавам да јадам до средината на денот. Мојот партнер Дејвид е на повремено пост, па не јаде до 14 часот попладне. Ако подоцна останам гладна, јадам темно чоколадо и пијам чаша вино, тоа е оброк, нели? “ изјави актерката.

Во сред пандемија, Џејн останува долго дома, ги почитува мерките на претпазливост и излегува меѓу луѓето со заштитна маска и вели дека не се движи околу Холивуд и слично.

Таа објасни дека многу нејзини пријатели се во добра форма и, дека има тежина исто како кога одела како тинејџерка во балетско училиште.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement