Џенифер Лопез беше во центарот на вниманието во последно време, поради објавените публикации за нејзиниот раскин со Алекс Родригез. Двајцата ги негираа гласините и рекоа дека се подготвени да се обидат да ја спасат својата врска.
51-годишната sвезда, која покрај пеење и танцување има и талент за глума, има завидна кариера. Во интервју кое неодамна го даде по повод снимањето на нов филм, таа зборувала за многу теми, но не и за Алекс Родригез. Меѓу другото, таа откри и како го добила прекарот „JLo“, кој е со неа околу 30 години.
„Прекарот J-Lo го добив од раперот Heavy D. Тој дојде во студиото кога го снимав мојот прв албум, во 1999 година, и ме нарече Jenny-Lo, Jennifer-Lo и JLO. „Кога го направив мојот втор албум, одлучив да му го дадам името JLo (2001) и мислам дека тогаш навистина беше сè поврзано“, додаде таа.
Подоцна го даде истото име на линијата облека и парфеми што ги лансирала, како и на новата линија производи за нега на кожа.

