Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џенифер Лопез во ѕвонарки што ги посакуваме оваа пролет

Поп ѕвездата продолжува со ретро инспирација во склад со актуелните трендови.

Ѕвездата на новиот филм „Marry me“ покажа склоност кон оживување на ретро трендовите во новата серија фотографии што ги сподели на својот Инстаграм, нагласувајќи го симпатичниот аутфит во стилот на 80-тите.

Лила блузата со долги ракави и нагласено V-деколте во комбинација со темен тексас и ѕвонарки со висок струк. Аксесоарот вклучуваше златни слоеви, од нанижан „choker“ ѓердан, долги зинџирести и различни привезоци, до нараквици, обетки и прстени. Стајлингот го заокружи со сребрени платформи.

Латино ѕвездата во последно време ги преферира трендовите кои доминираа во претходните години, а сега повторно го наоѓаат своето место под модното небо. Неодамна е видена на улична прошетка со нејзината 13-годишна ќерка во комбинезон, што е едно од водечките парчиња за 2022 година, кое носи бохо естетика.

Ѕвонарките се модел кој одговара на сите, а како го носи Џеј Ло погледнете во нашата галерија.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement