Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џенифер Анистон искрено за проблемот со кој се бори Уште Од Нејзините 30-ти Години…

Ѕвездата на „Пријатели“ откри дека со децении се бори со проблеми со спиењето, а грижата дека не може да спие често и создава огромен стрес во текот на ноќта.
„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоница го доживеав во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливи“, изјави Анистон во интервју за магазинот People.

„Само го прифакате проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнувате да ги разбирате ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот ден, на функционирањето на вашиот ум и на вашиот физички изглед“, рече таа, признавајќи дека знаела и да оди и во сон.

„Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано знаев да шетам во сон, а од таква состојба ме запрепастуваа домашните аларми. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, рече таа и поради нејзиниот проблем, на крајот решила да побара лекарска помош.

„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не работи“, е мислењето на ѕвездата на „Пријатели“.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement