Средбата на Јупитер и Нептун во 23′ Риби ќе остави трага на нас и нашите животи. Исклучително е редок, посебен по својата енергија на хуманост, космичка благодат, имагинација и креативност. Иако ќе биде точно прецизен на 12 април, сепак го чувствуваме деновиве. Нешто длабоко во нас се менува. Можеби не знаеме што и каде ќе не однесе, но ако свесно ги набљудуваме нашите животи и си посакуваме добро на себе и на другите, ќе се отворат некои врати, ќе се појави нов пат, визија за посреќна и подобра иднина.
Ни се покажува ред и смисла, вистина во она што досега беше хаотично и нејасно. Ако ја бараме вистината, ќе ја добиеме. Ако живееме во негирање, тоа е она што доаѓа. Ние избираме. Ние избираме дали ќе продолжиме да живееме во некакво слепило и да бегаме од вистината или ќе го избереме патот на препознавање и подлабоко освестување за себе и за нашите животи. Смислата наоѓаме во глупостите. Во хаосот гледаме совршен ред. Ова е симбол на океанот, морските длабочини, интуицијата, безусловната љубов, медитацијата, внатрешниот мир, соништата, исцелувањето, хуманоста, несвесното и божествената искра во секој од нас.
Хуманост. Да бидеме луѓе. Да научиме да им простуваме на оние кои нè повредиле, да разбереме што научивме од тоа, да се заблагодариме за искуството, да продолжиме понатаму и да бараме подобро за себе.
Креативност. Инспирацијата и имагинацијата ни помагаат да се изразиме преку креативна работа. Филмот, танцот, музиката, фотографијата, секаков вид уметност и креативен израз ни прават добро.
Визија. Дали се гледате себеси во иднина? Дали имате јасна намера за тоа што сакате да постигнете? Визуелизирајте го како веќе да се остварило, како веќе да го живеете. Сонувајте со отворени очи и верувајте во чуда.
Духовност. Верата и молитвата имаат моќ на манифестирање. Постои невидлив свет кој е тука за нас и ние за него. Ние сме едно. Ете од каде дојдовме, од таму се враќаме. Побарајте го вашиот универзум за помош и поддршка.
И на крајот…
Љубов. Трајна наклонетост кон нешто. Отвори го твоето срце. Излечете ги повредите од минатото. Испратете љубов на личноста која ве повредила. Продолжете со вербата дека љубовта е можна за вас.
Ние избираме. Негативните намери, лагите и злоупотребата на другите се враќаат како бумеранг. Сè што правиме лошо само се враќа. И универзумот е исклучително креативен кога нè предупредува. Негативните ефекти од овој аспект можат да донесат лаги, илузија, измама, неискреност, претерување, склоност кон бегство од реалноста, склоност кон алкохол и опијати. Промените низ кои ќе поминеме ќе бидат суптилни, можеби не многу видливи во надворешниот свет. Но, во секој од нас ќе се покрене едно тркало, ќе има поместување што ќе влијае на нашата иднина, па дури и на нашата колективна свест.
Последен пат овој аспект беше присутен во декември 2009 година, но во знакот на Водолија. Можеби ова ќе ви помогне до одреден степен да откриете како оваа енергија може да ви биде важна денес.
