Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ЈА ПОТВРДИ ВРСКАТА СО МУЗИЧОТ, ДОДЕКА ПАК БИВШИОТ НЕ ЗНАЕ ДЕКА РАСКИНАЛЕ,АВРИЛ ЛАВИЊ ВО ВРСКА СО ТАЈГА…

Пејачката Аврил Лавињ (38) ги потврди гласините дека е во врска со раперот Тајга (33).

Во понеделникот, на модната недела во Париз, парот размени нежности пред сите, а сето тоа беше фатено од папараците. Прошетаа и низ насобраната толпа држејќи се за рака.

Претходно, тие исто така беа заедно на модна ревија и изгледаа шармирани еден од друг и си шепкаа на уво. Неколку пати беа видени заедно,а минатата недела отидоа и на забавата на Леонардо ди Каприо.

Инаку, Аврил во февруари потврди дека раскинала со музичарот Мод Сан (35), со кого се сврши во март минатата година. „Тие беа заедно и беа верени до пред три дена кога тој отиде на турнеја, па ако нешто се смени, тоа е новост за него“, рече портпаролот на Модо.

Музичарот ја запроси Лавињ во Париз и и подари свршенички прстен во облик на срце. Пејачката двојка сподели со своите следбеници неколку фотографии направени за време и по запросувањето.

„Сонував дека те запросив во Париз. Го извадив прстенот и те замолив да го носиш. Се спуштив на едното колено и те погледнав во очи. Премногу си убава за да те опишуваат со зборови. Ти ја фатив раката и последниот здив… Реков: ќе се омажиш ли за мене? И таа рече – да“, напиша Мод Сан под објавата на Инстаграм.

Пејачката во интервју за People се осврна и на романтичното запросување. „Тоа беше најдоброто, најромантичното запросување што можев да го посакам. Бевме во Париз, пловејќи по реката Сена. Имавме виолинист, шампањ и рози. Се чинеше како времето да застанало и во тој момент бевме само ние двајца“, раскажуваше таа.

Аврил беше во брак со Чад Крогер (48) фронтменот на групата Nickelback  и so музичарот Дерик Вибли (42).Додека пак Тајга беше во врска со Кајли Џенер, Иги Азалеа и Блек Чајна.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement